Нови докази за употреба на хемиско оружје од бунтовниците во Сирија

Сирија и претстави на Москва нови „материјални докази“ дека опозициски сили употребиле хемиско оружје во Сирија.

Како што изјави  заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков, опозициските сили во Сирија употребувале хемиско оружје. Тој додаде дека извештајот на тимот експерти од ОН за употребата на хемиско оружје е „политизиран, пристрасен и едностран“. Рјабков вели дека тимот експерти од ОН испитале само докази за напад со хемиско оружје од 21 август не осврнувајќи се на претходните три инциденти.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Рјабуков денеска во Дамаск ќе се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад.

18.09.2013 - 10:47

најчитано сега