Две деца сеуште се борат за живот - три се пуштени на домашно лекување

Според најновите информации од лекарите на Ургентниот центар, две од децата кои беа повредени во сообраќајната несреќа во кочанско, сеуште се во критична здравствена состојба.
 
Лекарите информираат дека три од повредените деца сега се во стабилна здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.
 
Пет дечиња сеуште се хоспитализирани на Одделот за интензивна нега на Универзитетската клиника за неврохирургија.
 
 Денеска, министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Фондот за здравствено осигурување беа во посета на повредените деца и им посакаа брзо оздравување.
 
Повеќе детали за состојбата на повредените деца наскоро.

ФОТО: Курир

најчитано сега