За 1 мај 11 000 патници ја преминале македонско-грчката граница

На 1. мај, речиси 11 000 патници на во двете насоки ја преминале македонско-грчката граница кај Богородица-Евзони, информираат од Општина Гевгелија.

Од вкупно 10. 901 патник евидентирани од граничната полиција, македонски државјани биле 5.610. 3.861 од нив заминале во Грција за празниците, додека останатите се вратиле во Македонија по еднодневниот престој. Од останатите 5.291 патник, 3.149 биле странски државјани, најмногу српски и грчки туристи, кои излегле од земјата, додека влегле 2.142 странци. 

Од Општина гевгелија информираат дека и вчера, на 2. мај, по 200 до 300 автомобили, најчесто со македонска и српска регистарска табличка, чекале за да влезат во соседна Грција.

најчитано сега