Земјотрес ја стресе Турција - оштетени 20 куќи
Земјотрес со јачина од 5,1 степен е регистриран синоќа во округот Муш, во источниот дел на Турција, објави весникот „Сабах“.
Епицентарот на потресот бил во селото Тутен, а предизвикал паника меѓу населението поради што жителите ноќта ја минале надвор од своите домови.
Нема информации за жртви и повредени. При потресот се оштетени 20 куќи.
18.09.2013 - 10:35
Фото:
Денешен