ВИДЕО: Сакаше да го прелета Атлантикот со балони - се откажа по 12 часа
Американскиот авантурист Џонатан Трап се откажа од својот подвиг да го прелета Атлантикот по само 12 часа.
Авантуристот во четвртокот со помош на стотина балони полни со хелиум тргна на патување преку Атлантскиот океан. Сепак, поради технички проблеми патувањето на Џонатан траеше само 12 часа.
На своите следбеници на Фејсбук Американецот им остави порака дека е добро и дека слетал на 560 километри од местото на полетување.
18.09.2013 - 10:22