„Дисидент“ вечерва премиерно во „Милениум“

Вечерва во 20 часот во киното „Милениум“, премиерно ќе биде прикажан играно-документарниот филм „Дисидент“. Филмот е по сценарио и режија на Петар Џуровски во продукција на „Лавиринт“.

- Низ шеесет минути, со впечатлив играно-документарен пристап и реконструкција на настаните кои се случувале, авторот преку докуметарни факти ги разоткрива табу-темите за ликот и делото на Драган Богдановски,еден од најголемите борци за човекови права и правата на македонскиот народ, информираат од „Лавиринт“. 

18.09.2013 - 10:22