ФОТО: Полицијата не го казнува поради фризурата - запознајте го човекот со најсмешна лична карта

Звонко Пауновиќ има навистина уникатна лична карта и со неа има многу привилегии.

- „Кога отидов во полицијата по возачката дозвола, на главата имав зимска капа. Веднаш штом влегов, почнав да флертувам со службеничката на шалтерот. Се чини дека тоа не и се допадна, па откако ја симнав капата, како казна воопшто не обрна внимание на фризурата“, рекол Пауновиќ.

Црногорецот не бил задоволен од својата фотографија на личната карта но наскоро ги почуствувал привилегиите во сообраќајот .

- „Штом ја видат мојата возачка дозвола, сообраќајните полицајци ми се смеат, затоа што велат дека се уште не виделе документ со ваква фризура. Кога се така расположени, секогаш ме пуштаат само со предупредување“, рекол Пауновиќ.

18.09.2013 - 09:40

најчитано сега