Нови штрајкови ја тресат Грција

Во знак на протест против отпуштањата,лекарите во Грција се во тридневен штрајк, а од денеска 48-часовен штрајк почнуваат и останатите вработени во државните болници.

Како што пренесува радио Атина јавниот сектор во Грција денеска ќе биде затворен, бидејќи Федерацијата на државните службеници АДЕДИ прогласи 48-часовен штрајк, во кој ќе учествуваат и наставниците.А, од 9 до 12 часот нема да работат и вработените во медиумите. Во меѓувреме продолжува и штрајкот на професорите од државните и приватни училишта, како и на вработените во осигурителните компании. 

Денеска со работа од 11 до 15 часот ќе прекинат и вработените во железницата во знак на протест против продажбата на железничкиот оператор ТРЕНОСЕ.

Владата во Атин планира до крајот на годината да отпушти околу 12.500 државни службеници како дел од напорите за решавање на проблемите во државниот сектор и како еден од условите за добивање на помош од меѓународните кредитори.

18.09.2013 - 09:37
Фото: 
Денешен

најчитано сега