465 милиони Американци живеат на работ на сиромаштијата

Федералната агенција вчера ги објави податоците за попис на населението, и според нив во САД минатата година 46,5 милиони луѓе, или 15 отсто, живееле под границата на сиромаштијата.

Изненадување е тоа што таа бројка е речиси иста како и една година порано,бидејќи се очекувало дека поради растот на американската економија таа ќе биде намалена.

Бројот на сиромашните и натаму е 2,5 отсто поголем отколку во 2007 година, во пресрет на глобалната финансиска криза.

 Границата на сиромаштијата во САД во 2012 година беше 23.492 долари, што е годишен приход на четиричлено семејство. Просечниот семеен годишен приход во 2012 изнесувал 64.053 долари, додека самците во просек заработувале 30.880 долари.

18.09.2013 - 09:25
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега