Од Охрид директно во Италија, Австрија, Словенија и Швајцарија

На почетокот од следната година, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе почнат да слетуваат авиони од редовни авиолинии со Италија, Австрија, Словенија и Швајцарија, пишува „Охрид1“.

Според порталот, овој новитет го иницирал охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, кој од буџетот на општината Охрид издвоил 6 милиони денари (97.500 евра) за субвеницонирање на нискобуџетни авио комапнии за 2013 година. Исто толку средства се очекува да издвои и општина Струга.

- Нашите планови се оваа сума да ја зголемиме за наредната година на 12 милиони денари за субвенционирање на редовни летови од охридскиот аеродром. Се надевам дека градоначалникот на Струга ќе го следи овој наш потег, а денеска добивме уверување дека исто и Струга ќе предложи на Советот да прифати одлука за субвенционирање на овие летови, изјавил Бакрачески.

Според последните анализи, дури 30% од патниците на скопскиот аеродром живееат во Југозападниот дел на земјава. Евтините авиолинии ќе им го олеснат патувањето на жителите на Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Битола, но и на албанските градови Поградец и Корча.

- Се надевам дека ќе се зголеми фрекфренцијата и ќе бидат застапени и други авиокомпании. Засега интерес за воспоставување летови покажаа авиокомпаниите „Виз Eр” и „Адрија Eрвејс”, истакнал Бакрачески, пренесува Охрид1.

18.09.2013 - 09:13
Фото: 
Сител

најчитано сега