Почнува „Балканмине“ во Охрид

Од денеска до 21. септември во Охрид ќе се одржи петтиот  Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине  2013“.  На конгресот ќе земат учество над 300 експерти од 14 земји, кои ќе презентираат повеќе од 130  научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како и примената на  најновите технологии  во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

СПоред најавите, во рамки на „Балканмине„ ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството  присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион. Конгресот се одржува секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.

Организатори на „Балкамине“ се Здружението на рударски и геолошки инженери (ЗГРИМ) и  Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“, а главен покровител е АД „Електрани на Македонија“.

18.09.2013 - 08:54

најчитано сега