Собранието ја увои прераспределбата во Буџетот за средства за референдумoт

 

Со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ ниту „воздржан“ Собранието денеска ја усвои одлуката за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат средства за спроведување на референдумот.

Од министерството за финансии велат дека со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на реферндумот.

„На овој начин се обезбедуваат средства, без да има влијание врз тековното работење на буџетските корисници, ниту пак врз спроведување на буџетските програми и проекти“, велат од Министерството за финансии.

 

 

 

30.07.2018 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега