ОБСЕ: Тензичната клима во Албанија може да ја поткопа стабилноста на регионот

 

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази вознемираност поради тензичната клима во Албанија во пресрет на парламентараните избори закажани за 23 јуни.

- ОБСЕ со вознемирност го следи постојаното зголемување на политичката конфронтација во услови кога очекуваме одржување конкурентен и чесен изборен натпревар, изјави генералниот секретар на Организацијата, Ламберто Заниер.

Заниер најави дека во следниве недели ОБСЕ ќе испрати своја мисија во Албанија, која ќе има за цел да ја следи изборната кампања и текот на самите избори.

Според Заниер, ОБСЕ е посебно вознемирана од засилените националистички испади кои би можеле да ја поткопаат стабилноста на целиот регион.

најчитано сега