Вечерва извадете ги ќебињата за спиење - циклонот Флоријан носи драстична промена

Оваа ноќ температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пад и истите ќе бидат прилично есенски и до утрешното средочно утро минималните температури на воздухот низ државава ќе се спуштат во интервалот од 10 до 19 степени па затоа доколку излегувате со себе понесете си малку потопла облека, стои во временската на Славчо Поповски.

Утре (среда) во текот на претпладнето времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди (локално нешто подолги) додека особено на северозападот и северот на државава ќе има услови за локален дожд проследен со поретки грмежи.

Од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно и тоа особено на запад, југозапад и на исток каде ќе има пороен дожд, грмежи и засилчен ветер.

Локално процесите повторно можно е да бидат поинтензивни проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град како и значително количество на воден талог за кратко време.

 

 

 

 

24.07.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега