Судот во Египет ќе го одземе имотот на функционерите на Муслиманското братство

Египетскиот кривичен суд денеска го одобри барањето на Државното јавно обвинитеството за заплена на имотот на претседателот на Управниот совет на Муслиманското братство, Мухамед Бедија, како и  а уште 24 челници на ова исламистичко движење.

Египетското обвинителство на 14 јули побара на лидерот Муслиманското братство, Мухамед Бедија, на неговиот заменик Хајрат ел-Сатир и на Махмуд Изет, Мехди Акиф, Мухамед Саад Кататни, Рашад Бејуми, Исам Арѕан, Исам Султан, Сафвет Хицази, Мухамед Билтеци, Асим Абдулмајид, Хазим Салах Ебу Исмаил, Тарик Зумур и Мухамед Умдеј да бидат запленити имотите и да се стави забрана за нивна употреба.

Инаку, египетските власти тврдат дека одлуката на Обвинителството да ги замрзне имотите на високите функционери на Муслиманското братство е дел од истрагата што се води против нив

17.09.2013 - 15:29

најчитано сега