Клиника за детски болести: Три дечиња се хоспитализирани со дијагноза дијабетес, и ова не е првпат

 

По веста која ја објави Биланс.МК, дека четиринаесет годишно дете се бори за својот живот на КАРИЛ поради погрешно утврдена дијагноза, се огласи и Детската Клиника.

Оттаму потврдуваат дека на ЈЗУ Клиника за Детски болести во периодот од 17  до 24 јули се хоспитализирани 3 деца со дијагноза дијабетес.

„Првиот пациент е примен на 17 јули. Се работи за дете на возраст од три години кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи кои укажувале на дијабет. Детето е примено на Одделот за ендокринологија направени се иследувањата и согласно протоколите, дадена е терапија. По неколку дена детето е пратено дома.

Вториот пациент примен  19 јули,  е деветгодишно дете пратено од Општата болница во Гевгелија. Детето било со симтоми на дехидратација и првично било стабилизарано во болницата во Гевгелија, но по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколкудневен третман состојбата на детето е подобрена. Пациентот се уште се наоѓа на Одделот за Ендокринологија и е во добра општа состојба.

Третиот пациент примен вчера со возило на Брза помош е транспортиран од болницата во Охрид во тешка состојба. Веќе биле изготвени првични анализи кои укажувале на дијабет. По приемот на Клиниката детето поради возраста(14 години) е упатено на КАРИЛ каде по приемот е интубирано  и поставено на апарат за механичка вентилација. Лекарите од оваа клиника заедно со педијатрите од Одделот за Ендокринологија работат на стабилизација на состојбата на детето. Во моментов се прави се што е утврдено согласно протоколите за работа.“ се вели во нивното соопштение.

Од Клиниката наведуваат дека ова не е прв пат на Клиниката за Детски болести да се примаат пациенти со дијабет кои се во тешка состојба, и дека се планира да се спорведе обука за рано распознавање на симптомоте на болеста.

„На Одделот за Ендокринологија постојано се лекуваат пациенти со оваа дијагноза и се откриваат нови случаи. Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на Педијатри од септември планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болсета и првичен третман“ велат преку соопштение од Детската Клиника во Скопје.

 

 

 

24.07.2018 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега