МНР: Македонски граѓани засега не побарале помош по пожарите во Грција, но ова се броевите на кои може да се обратат

Заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина, соопштија денеска од македоснкото МНР.

Наведуваат дека во моментов немаат официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.

Од МНР препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Контакт телефонот на Канцеларијата за врски во Атина е 0030 694 474 3071

 

 

 

24.07.2018 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега