Неизвесно кога ќе почне со работа Академијата за наставници

Останува неизвесно кога ќе започне со работа долгонајавуваната академија за наставници. Таа треба да биде филтер низ кој ќе минат дипломираните идни наставници, кои ќе полагаат тестови за на крајот да добијат лиценца дека може да работата со деца.

Од Министерството за образование сѐ уште немаат информација кога академијата ќе почне со работа, објави Нова Македонија.

Неодамна беше донесен Закон за академијата, но дали ќе почне со работа од претстојнава академска година, засега е неизвесно.

– Академијата врши прием и стручно усовршување на идните наставници и усовршување и обука за професионално, стручно и ефикасно извршување на работните задачи на идните наставници во согласност со одредбите од овој закон.

Сето ова е со цел да се зголеми квалитетот на наставниот кадар, бидејќи досега на Педагошкиот факултет можеа да се запишуваат и матуранти со послаби оценки.

Претходната власт имаше идеја да се заострат критериумите при упис и дипломата добиена на факултет да се верификува на новата Академија за наставници.

 

 

 

24.07.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега