Вицепремиерот Пешевски во посета на Кочани

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска при својата работна посета во Кочани се сретна со вработените во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поддршка на земјоделството, како и со градоначалникот Ратко Димитровски.

Вицепремиерот за време на средбата најави дека во најскоро време ќе се реши проблемот со просторот за Подрачната единица на Министерството за земјоделство. - Ќе ги преуредиме просториите и ќе создадеме услови земјоделците при аплицирањето за субвенции да доаѓаат во подобри услови, изјави Пешевски.

Напомена дека определба на Владата е да го стимулира бизнис секторот и земјоделството со пронаоѓање на компании кои ќе инвестираат и во тој контекст најави дека компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Кочани. 

17.09.2013 - 14:58
Фото: 
Денар.мк

најчитано сега