Марк Волберг на 42 години стана матурант

Иако беше зафатен со снимање на неколку филмови тој успеа и на 42 години да го заврши прерано напуштеното средно училиште. Марк Волберг за едно интервју открива дека посебно се израдувал кога на почетокот на годината може преку Интернет да го заврши средното училиште.

„Речиси една година земав часови и учев каде ќе стигнам, на сет, на пат од мојот дом до работното место“- рекол актерот.

Марк се надева дека неговиот успех и труд ќе ги мотивира децата и возрасните никогаш да не направат таков чекор да го напуштат средното училиште.

Актерот со порака до нив: „Никогаш не се откажувајте. Продолжете да верувате во себе“!

 

 

 

 

17.09.2013 - 13:55

најчитано сега