Пеколни 39 степени и висок УВ индекс - од утре циклон над Македонија
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. УВ=9
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 38 степени.
Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.
22.07.2018 - 09:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа