Месо од стаорци и лисици се продава како јагнешко и говедско
Кинеските власти во последниве три месеци уапсија 904 лица во рамки на истрагата во врска со аферата за продажбата на месо од стаорци и лисици како јагнешко или говедско, соопшти денеска Министерството за јавна безбедност на Кина.
Според Министерството, од 25 јануари, па до сега, во Кина се регистрирани 382 случаи на продажба на месо или месни производи од стаорци и лисици. Во наведениот период се одзмени и уништени над 20.000 тони лажно декларирано месо.
Во соопштението на Министерството се наведува дека производителите на ова „лажно месо“ во него ставале разни хемикалии за да го неутрализираат неговиот вистински вкус и за да наликува на јагнешко или говедско.
Еден прозиводител на месо од градот Уси, на истокот на Кина, од продажба на месо од стаорци и лисици како говедско, заработил над 10 милиони јуани (1,62 милиони долари), се додава во соопштението.
По повторната појава на птичјиот грип во Кина на почетокот на годинава, потрошувачката на пилешко месо бележи драстичен пад, при што само во април таа е намалена за околу 80 проценти. На сметка на ова зголемена е потрошувачката на другите видови месо.