Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Недвосмилсено прашање на референдумот
Техничка Влада по пржинскиот модел и Законот за финансирање на политичките партии остануваат главните услови на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на најавената нова рунда преговори во недела или понеделник. Ваква одлука донел вчера Извршниот комитет на партијата.
„Извршниот комитет ја потврди принципиелната позиција на партијата и инсистирањето на реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори. Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со референдумот, од ИК на ВМРО-ДПМНЕ очекува недвосмислено прашање
“За да се види јасно волјата на граѓаните на референдумско изјаснување, Извршниот комитет смета дека мора да се почитува законот кој предвидува недвосмислени прашања.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна и недвосмислена поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во понатамошниот тек на лидерската средба.
Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа