Вонредна најава: Од есенски температури на пеколни 39 степени - следи драстична промена

 

Премногу лошо ќе влијае времето овие денови врз граѓаните, поточно до крајот на оваа недела, стои во временската на Славчо Поповски.

Од есенски температури кој се мерат во утринските часови за само 24 часа овој викенд температурите на воздухот нагло ќе пораснат и во недела максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 29 степени.

Поради изразеното југозападно и западно воздушно сттуење кое веќе го напоменавме и најавивме како и поради транспортот на прашина и на песок од Сахара но и поради релативно високата влажност во воздухот граѓаните ќе осеќаат мачнини, тежнина на телото, кај некои е можна појава и на главоболка, несоница, нервоза како и болка на местата од старите рани.

Ова се однесува особено врз метеопатите.

Како што најавивме овој топол бран ќе трае релативно доста кратко и од понеделник па натаму ќе започне пад на температурите на воздухот иако и во понеделник и покрај тоа што температурите ќе бидат малку пониски сепак сеуште ќе биде многу топло.

Исто така од понеделник па натаму во текот на следната недела атмосферата ќе се дестабилизира со што растат условите за дожд, грмежи и локално невреме.

 

 

 

 

20.07.2018 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега