Лоши вести од метеоролозите - какво време да очекуваме викендов
Времето во Македонија денеска беше сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Услови за дожд имаше во крајните североисточни делови. УВ индексот изнесуваше 7.
Утринската температура се движеше од 11 до 20 степени, а дневната температура од 22 до 30 степени.
Во Скопје слично, сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура достигна до 11, а дневната температура до 27 степени.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа