Санитарни инспектори ја истражуваат смртта на родилката од Гевгелија
Инспектори од Државниот санитарен и здравтсвен инспекторат денеска биле во болницата во Гевгелија и кај матичникот лекар на починатата родилка Елизабета Савиќ-Динева, за да истражат како била водена бременоста на родилката кај гинеколотгот и како родилката била третирана во гевгелиската болница, пренесува НОВА ТВ. Оваа информација за НОВА ТВ ја потврди д-р Ирина Бухова директорка на ДСЗИ, која истакна дека постапката ќе продолжи и на Клиниката за неврологија каде родилката била хоспитализирана и на КАРИЛ каде починала.
Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека ќе ги почекаат резултатите од обдукцијата по што ќе се формира Комисија за случајот.
Како што информира НОВА ТВ, неофицијално, гинекологот кој ја породувал родилката Маја Кадиева која почина за време на царски рез, за што беа обвинети двајцата анестезиолози(од кои едниот почина во меѓувреме) и двајца гинеколози, била матичен гинеколог на 31-годишната родилка Елизабета Савиќ-Динева.
Динева се породила на 29. јуни по што неколку дена подоцна била пуштена дома, а потоа состојбата се влошува.
Според неофицијални информации, Савиќ-Динева добивала необјасниви епилептични напади и однесена на Неврологија, а потоа во коматозна состојба на КАРИЛ каде по две недели починала, пренесува НОВА ТВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа