Груби закажа седница за изборниот законик, Данев вели нема договор
Претседателот на Комисијата за европски прашања за денеска во 17:30 часот закажа седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик во делот на изборот на членовите на ДИК, по скратена постапка, во салата „Борис Трајковски“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во изјава за „Плусинфо“ кажа дека нема договор и промена на нивните позиции за предложените измени на Изборниот законик. Тој кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, но не кажа како ќе дејствуваат.
Со измените на Изброниот законик, на кои се противи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се предлага ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство и Комисијата за прашања на изборите и именувањата да не го гледа предлог-законот. Формирањето на ДИК е тема на разговорите и на лидерската средба што треба да продолжи во недела или понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа