ВМРО-ДПМНЕ: Заев се однесува немакедонски и срамно

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираа на политиките на СДСМ.

Однесувањето на Зоран Заев е недржавно, немакедонско и срамно. Зоран Заев не само што не го интересира одбраната на националните интереси и мислењето на народот, туку не го интересира ниту заштитата на македонските светости за кои се жртвувале претходните генерации. Зоран Заев не го интересира ниту која држава ќе им ја остави на идните генерации, а се колнеше во нив.

Зоран Заев и владејачкото мнозинство своеволно и свесно ги кршат Уставот, законите и процедурите со цел по секоја цена да се спроведе капитулантскиот договор за промена на името.

Заев непринципиелно го поистоветува влезот на државата во НАТО и ЕУ со промена на уставното име, иако од самите институции му е укажано, дека всушност се потребни вистински реформи.

СДСМ ги злоупотребува евроатланските аспирации на Република Македонија за протнување на своите капитулантски политики, барајќи начин како да ги заобиколи сите кои размислуваат спротивно.

Власта го оневозможува дијалогот и демократската расправа. Заев бега од дебата со кршење на правото. Промената на законско утврденото мнозинство за избор на ДИК од 2/3 на апсолутно, без консултација на опозицијата претставува негативен правен преседан кој е исклучиво на штета на демократијата и граѓаните.

Зоран Заев ја погази демократијата. Власта сака целосно да ја исклучи опозицијата и секој кој размислува различно од него и врвот на картелот.

ВМРО-ДПМНЕ бара целосно почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори и тоа е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен.

Зоран Заев и СДСМ не смеат да бидат пречка за демократијата во Република Македонија. Со СДСМ на власт демократијата не е можна. . Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија мора да оди напред.

 

 

 

19.07.2018 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега