Летаат казни и за пешаците и за возачите - македонската полиција не простува за ова
Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири од вкупно 13 сообраќајки што се случија во Скопје во изминатото деноноќие. Во шест сообраќајки полесно се повредени 12 лица, а во три е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач е санкциониран за неправилно престројување, а 13 за некористење заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани се и 31 пешак кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај се исклучени пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи почетници, како и седум нерегистрирани возила. Затекнати биле 62 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа