Краен рок за донесување одлука за референдумот е 25 јули

 

Крајниот рок кога треба да се избере ДИК и да се донесе одлука за референдумот е 25. јули, објави НОВА ТВ повикувајќи се на владини извори.

После овој датум, можно е да се пролонгира и датумот за одржување на референдумот, бидејќи одлуката треба да се донесе најмалку 60 дена пред референдумот.

Како што пренесува НОВА ТВ, на вечерашната лидерска средба ќе се соопшти и референдумското прашање.

Ако вечерва не се постигне договор на лидерска средба, парламентарното мнозинство ќе ги изгласа измените на Изборниот законик со кои се предлага членовите на ДИК да се избираат со просто мнозинство, наместо со двотретинско мнозинство и кандидатите за членови на ДИК да не се избираат на Комисијата за избори и именувања.

Од власта и од опозицијата засега се воздржани од исходот на вечерашната средба.

 

 

 

 

 

 

 

18.07.2018 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега