Момче прободено со мачета на сред улица

Се случи хорор во населбата  Грбавица во Нови Сад.

16-годишно момче при расправија за фудбал  било нападнато со секира и мачета и се здобило со тешки повреди. 

Според српските медиуми 16 годишното момче било веднаш пренесено во болница и било итно оперирано и сега е надвор од животна опасност.

Како што изјавиле неколку очевидци, група средношколци почнале да се расправаат на улица а расправијата кулминирала во физичка пресметка, а еден од учесниците извадил мачета додека пак друг извадил секира и го нападнале 16-годишното момче.

Откако го нападнале момчето тоа било облеано во локва крв и напагачите веднаш побегнале, но полицијата успеала да уапси еден од нив,како што пишуваат српските медиуми тоа момче било полнолетно и бил дел од навивачката група на Војводина.

 

 

 

 

 

17.09.2013 - 12:07

најчитано сега