"Дневник": Заев договорил седум тендери вредни над 30 милиони денари со својот татко

 

Градоначалникот на Струмица на својот татко му дал седум тендери во висина од над 30 милиони денари, пренесува Дневник“. Според документите до кои дошол „Дневник“, покрај седумте договори, од кои еден бил склучен во 2009, четири во 2011 и два годинава, фирмата „ЗОВИ Промет“, на ден 12.12.2011 година, склучила и договор со општината Струмица во вредност од 84.400 денари. 

ВМРО ДПМНЕ завечера изнесе документи за истиот случај во кој се укажува на класичен пример за непотизам, поточно една од дветте форми во Законот за спречување на судир на интереси. Со случајот е запознаена и Државната комисија за спречување на корупцијата но се уште го нема разгледано

-Најавено е оти многу скоро, односно најверојатно веќе на следната седница, случајот ќе биде ставен на дневен ред. Антикорупционерите, но и познавачите на правото со ист став дека станува збор за судир на интереси и непотизам, односно давање предност, корист или друга погодност од страна на службеното лице (во случајот Зоран Заев) во извршување на должноста кон некој со кој има семејни или деловни врски (татко му и чичко му), пишува весникот.

Заев кога дознал дека татко му ќе учествува на тендерот требало да се тргне на страна и да се изземе од целиот случај. Советот на Општината требало да одреди кој ќе го замени во таа ситуација. 

Впрочем тоа е нагласено во членот 8 од Законот за спречување судир на интереси се вели истото. 

- Во случај на судир меѓу приватниот и јавниот интерес, службеното лице е должно да постапи според јавниот интерес - стои во Законот, пренесува Дневник.

Струмичкиот градоначалник никако не смеел да потпише договор со родениот татко, истакнуваат од ДKСK, затоа што, факт е дека тоа е директен судир на интереси.

17.09.2013 - 12:02

најчитано сега