Страшна сообраќајка во Скопје - двајца на Клиника

Околу 16,50 часот на крстосницата од улицата „Козле“ и улицата „1010“, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Хонда ЦБ-500 “ со скопски регистерски таблици, управуван од 26-годишниот Д.П. од Скопје и патничко моторно возило „Опел Агила“ со скопски регистерски таблици управувано од 31-годишниот Е.Ѓ. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил Д.П. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.07.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега