Што е шпионажа и како се казнува?
Кривичното дело шпионажа е сериозно дело против државата за кое со закон се предвидени затворски казни од една до 10 години. Еве во кои форми се јавува и какви казни предвидува кривичниот законик на Република Македонија.
Шпионажа
Член 316
(1) Тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори
достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се
казни со затвор најмалку четиригодини.
(2) Тој што за странска држава или организација ќе создаде
разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе
се казни со затвор најмалку пет години.
(3) Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за
неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со
затвор од една до десет години.
(4) Тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги
соопшти или предаде на странска држава, организација или на лице кое им
служи, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5) Ако делото од ставовитс 1 и 4 е сторено за време на војна или
непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за
безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(6) Како државна тајна се сметаат податоците или документите што
со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени
врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало
или можело да има штетни последици за политичките, економските или
воените интереси на Република Македонија
Оддавње државна тајна
Члсн 317
(1) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде
или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор
од една до десет години.
(2) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти,
предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се
132државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор
од една до пет години.
(3) Ако делото од став 1 е извршено за време на војна или непосредна
воена опасност или довело до загрозување на безбедноста на економската
или воената моќ на Република Македонија сторителот ќе се казни со затвор
најмалку четиригодини.
(4) Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се
казни со затвор од шест месеци до пет години.
Здружување заради непријателска дејност
Член 324
(1) Тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица
или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до
311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири
години.
(2) Тој што ќе стане припадник на здружението од став 1, ќе се казни
со затвор од една до пет години.
(3) Сторителот на делото од став 1 кој со откривање на здружението
или на друг начин, ќе го спречи извршувањето на кривичните дела
предвидени во став 1, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, а
може и да се ослободи од казната.
134(4) Припадник на здружение од став 1 кој ќе го открие здружението
пред да стори во негов состав или за него некое кривично дело предвидено
во тој став, ќе се ослободи од казната.
(5) Предметите и средствата наменети за подготвување на делата,
како и средствата за финансирање на здружението се одземаат.
Злосторничко здружување
Член 394
(1) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на
кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или
потешка казна, ќе се казни со затвор од еднадо пет години.
(2) Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор од три
месеци до три години.
(3) Припадникот на групата или бандата кој ќе ја открие групата,
односно бандата, пред да стори некое кривично дело во нејзин состав или за
неа, ќе се ослободи од казна.