Дамовски: Полицијата беше коректна со мене

Синоќа режисерот Борис Дамовски кој беше еден од приведените во големата полициска акција "Шпион", беше пуштен на слобода.

Дамовски во изјава за НОВА вели дека полицијата го распрашувала за врските со останатите приведени и дека се однесувала коректно со него.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во големата полициска акција Шпион беа приведени 17 лица, а по тројца сеуште се трага. Меѓу уапсените се и Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата против перење пари, генералот Горан Стојков, Ацо Диневски, поранешен агент на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Марјан Маџовски кој од 2005 е шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, како и лице од албанска националност вработено во Агенцијата за разузнавање. 

Осомничените соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен, а при претрес на нивните домови се пронајдени и одземени компјутери, 27 лап-топи,  32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација...

17.09.2013 - 10:50
Фото: 
Плусинфо