Внимание: Најпознатите светски метеоролози најавуваат екстремно студена зима

Иако сезонските временските прогнози во повеќето случаи се шпекулативни, всушност метеорологијата има напреднато до степен каде е можно да се добие идеја во која насока се движи претстојната сезона. Ова земјоделците успешно го правеле со векови, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Метеорологот Joe Bastardi во неговото 7 минутно излагање во Saturday Summary се осврнува на последната прогноза за зимата 2013/2014 во светот од страна на NCEP NCAR ( National Centers for Environmental Prediction and the National Center for Atmospheric Research ). Според податоците следува уште една „сурова зима во Европа“. Прогнозата предвидува блокирање и негатативна NAO (North Atlantic Oscillation). Joe исто така на својот твитер профил објавил дека „SST аналогниот пакет во комбинација со мала сончева активност и климатски циклус (сличен на оној од почетокот на 50-тите) се потврда за сурова зима во Европа“.

Прочитајте повеќе на Weather4all

17.09.2013 - 00:19

најчитано сега