Арсовски: Трет ден Спасовски молчи за деталите за случајот со убиениот Никола Саздовски

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција истакна дека трет ден Оливер Спасовски молчи за деталите за случајот со убиеното 21 годишно момче Никола Саздовски – Саздо.

-Кој е третиот што учествувал во убиството и зошто досега не е приведен? Дали власта го крие или во моментов се бара канал за негово бегство од земјава? Дали заради тоа сеуште нема распишано меѓународна потерница и не се објавува негова фотографија за јавноста да може да пријави доколку го види? Дали е во тек истото сценарио по кое што се режираше бегството на убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше убиен пред својот дом? Дали во автомобилот со кој што дошле убијците имало и четврто лице? Кое е тоа лице и зошто нема пријава за помагање на истото? Кои се инспекторите кои што го квалификуваа убиството како насилство? По чија наредба оваа брутална ликвидација ја квалификуваа како поблаго дело, а не како убиство што впрочем е? Зошто нема постапки против нив?, вели Арсовски.

Тој прашува што се крие Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за убиениот Никола Саздовски – Саздо?

-Скопје е небезбеден град, а криминалците и убијците владеат со улиците. Нашите животи и животите на нашите најблиски се доведени во прашање заради коалицијата која што ја има СДСМ склучено со криминалот и со мафијата. Ситуацијата е јасна. СДСМ преку Оливер Спасовски сака да го сокрие убиството на малиот Никола Саздовски – Саздо. Јавноста очекува одговор и очекува одговорност од сите инволвирани во ова. Оливер Спасовски мора да си замине од Министерството за внатрешни работи. Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка. Тој веќе нема никаков морален кредибилитет да го води МВР и да биде негов министер, нагласува Арсовски.

Тој посочува дека со секој ден поминат во министерската фотелја, безбедноста во државата е се повеќе нарушена.

 

 

 

11.07.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега