Повредени лица се заглавени во тунел - се судрија два воза во Белград

Неколку патници се повредени денеска при судар на два патнички воза во тунел во белградската населба Тошин Бунар, соопшти српската полиција.

Како што јави Танјуг,  есреќата се случила околу 13:30 кога возот што сообраќал на релација Белград - Нови Сад удрил во возот што патувал од српскиот главен град до Шид.

Портпаролот на белградската служба за Брза помош, Нада Мацура информира дека на местото на сударот биле испратени шест болнички возила.

Според Мацура, повредените се наоѓале во вагон кој е заглавен во тунелот и не може да биде извлечен на отворено.

- Според неофицијалните информации се работи за полесно повредени лица, додаде Мацура во изјавата за Танјуг.

најчитано сега