ОН ќе ги истражува хемиските напади во Сирија

Истражната комисија на ОН покрена истрага за вкупно 14 пријавени напади со хемиско оружје во Сирија, откако во 2011 година започна набљудувањето на кршењето на човековите права, соопшти денеска претседателот на оваа Комисија Пауло Пињеро.

Тој истакна дека Сирија ја повикала Карла дел Понте, која е член на Kомисијата, приватно да ја посети земјата, но Пињеро и останатите членови бараат нејзината посета да биде службена.

Дел Понте смета дека била поканета бидејќи во мај ја обвини опозицијата за употреба на хемиско оружје.

Западот го обвинува сирискиот претседател Башар ал Асад за употреба на хемиско оружје, додека Русија тврди дека за тоа злостроство е одговорна опозицијата.

16.09.2013 - 16:44

најчитано сега