Проверете дали во вашата населба утре ќе нема струја

Регионалниот Центар за Управување со Кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека поради изведување на технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре од 09:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. 7-ми Јули и ул. Кримска. (опш. Чаир )

Од 08.30 – 12.00 часот корисниците од дел од ул. Саса ул. 1, и ул. 1438. (опш. Кисела Вода)

Од 09.00 – 11.00 часот корисниците од дел од ул. Водњанска бр. 50 до бр. 60. ( ул. Мајка Тереза) (опш. Центар)

Од 09.00 – 15.00 часот корисниците од дел на село Кучевиште. (опш. Чучер Сандево)

Од 09.00 – 15.00 часот корисниците од дел од ул. Никола Тесла, дел од ул. Бранислав Нушиќ, и дел од корисниците од ул. Ругер Бошковиќ (опш. Карпош)

Во периодот од 09.00 – 15.00 часот, корисниците од дел на село Копаница, кај училиштето и на влез од селото (опш. Сарај)

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

16.09.2013 - 16:33
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега