Маневски: Тендерите во семејството Заеви се школски пример за непотизам
Школски пример за непотизам е тендерот кој струмичкиот градоначлник и лидер на СДСМ Зоран Заев му го додели на својот татко Панчо, коментираат експертите. Првиот претседател Антикорупциска Михајло Маневски, за Press24 вели дека во конкретниот случај, нема дилеми дека градоначлникот на Струмица е фатен во класичен судир на интереси.
„Тоа е школски пример за судир на интереси. Јавните набавки во рамките на семејството претставуваат непотизам и се опфатени со Законот за спречување на суди на интереси. Прашањето е сега, што може да се превземе во овој случај. Доколку наводите се докажат, второстепената комиија за јавни набавки треба да го поништи тендерот. Потоа, Комисијата за спречување на корупција треба да поведе постапка, а доколку се утврди евентуална залоупотреба на службената положба, тогаш случајот треба да го превземе Јавниот обвинител и да поведе соодветна кривична постапка“ - вели поранешниот претседател на Комсијата за спречување на корупцијата, Михајло Маневски.
Од Антикорупциската комисија за Press24 велат дека будно ги следат состојбите па тендерот во семејството Заеви, најверојатно ќе се најде на една од идните седници на ова тело. Извори од таму потврдуваат дека во овој случај има основа за поведување постапка за судир на интереси, но не сакаат да прејудиираат пред антикорупционерите да донесат одлука.
Во врска со овој слчај, одговори од лидерот на СДСМ денеска побара и премиерот Груевски
„Давал тендери на својот татко или не давал. Ова е прашањето на кое Заев треба да одговори, а не од неговата партија да излегуваат ос прес конференции колку тој инвестирал и направил во Струмица. Нека не ја замајуваат јавноста со други теми. Овде прашањето е многу јасно. Му дал тендер на својот татко или не“ - праша денеска премиерот Груевски
Одговор од Заев денеска побара и Press24, но лидерот на опозицијата не се јавуваше на својот телефон.
Министерот за образование, Спиро Ристовски вчера го обвини Заев дека како градоначлник на Струмица во април годинава, склучил договор за набавка на прехрамбени продукти и средства за одржување хигиена за градинка во општината со фирмата на својот татко, вреден скоро 60.000 евра.