Груевски денеска докторираше на економскиот факултет во Скопје

Денеска на економскиот факултет во Скопје, при универзитетот Св. Кирил и Методиј, со одбрана на својот докторат, докторираше Никола Груевски.

Темата на докторската дисертација на Груевски е: ,,Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија,,.
Ментор на Груевски му беше Проф.Д-р Михаил Петковски, а во советот за одбраната беа и Проф. Д-р Методија Несторовски, кој беше и претседавач на одбраната на докторатот, Проф.Д-р Владимир Филиповски, Проф.Д-р Љубе Трпески и Проф.Д-р Живко Атанасовски. Докторатот Груевски го запиша во 2011та година.

Претходно, Никола Груевски Магистрираше во декември 2006та година на тема: ,,Странските инвестиции, економскиот раст и вработувањето,, на истиот факултет, одкако магистерскиот труд го предаде во јуни истата година.

Додипломски студии заврши во 1994тата година на економскиот фаултет во Прилеп при универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.

Груевски во минатите 20 тина години обавуваше високи државни функции, како Претседател на Владата на Република Македонија, Министер за финасии, Министер за трговија, Претседател на Комисијата за хартии од вредност, пратеник во парламентот, а извесен период беше и советник на Министерот за финасии на Србија, преку проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите на министерството за финансии на Република Србија. Во моментот Груевски е актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски 14 и пол години беше престедател на ВМРО-ДПМНЕ, а по повлекувањето на последниот конгрес беше прогласен за почесен Претседател на партијата.

 

 

 

06.07.2018 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега