Во МНР состанок на меѓуресорското тело за човекови права

 

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска се реактивираше работата на Меѓуресорското тело за човекови права со кое претседава министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во чиј состав се државните секретари на ресорните министерства, директори на релеванти агенции и претседатели на независни тела за човекови права.

Како што соопшти МНР, на состанокот, раководен од министерот Димиторв, меѓу другото беа разгледани и прашања поврзани со претстојните извештајни обврски на Република Македонија по меѓународните инструменти за човекови права, актуелните обврски во областа на човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ, а беа разменети мислења и околу потребата од зајакнување на меѓу-институционалната координација околу теми од областа на човекови права и Целите за оддржлив развој.

 

Исто така, се наведува, стана збор и за идната работа на Меѓуресорското тело и модалитетите за идна вклученост на претставници од граѓанскиот сектор кои се активни по прашања поврзани со заштита и промоција на човекови права.

 

 

 

06.07.2018 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега