Пронајдена риба со змиска глава во Њујорк

Во езерото во популарниот Централ Парк во Њујорк е забележана невообичаена риба со глава на змија и остри заби, објави весникот „Њујорк Магазин“.

Рибата се храни со жаби и слатководни ракови, а за разлика од другите риби, во одредени услови, може и со денови да преживее надвор од вода.

Ваквата риба не е новина во светот, бидејќи примероци од нејзиниот вид живеат во слатките води во делови на Азија, меѓутоа ова е првпат таа да биде регистрирана во природна средина во Северна Америка.

По откривањето на рибата, надлежните служби во паркот поставија табли со предупредување дека овој вид претставува опасност за екосистемот на езерото.

- Уловете ја и не ја пуштајте. Убијте је веднаш штом ќе ја уловите, замрзнете ја и јавете ни, се наведува на таблите.

најчитано сега