Гевгеличани задоволни од новата автобуска станица
За само еден месец од пуштањето во употреба услугите во меѓуопштинскиот сообраќај на новата автобуска станица во Гевгелија ги искористиле 1.835 патници.
Од автобуската станица информираа дека толку патници патувале со шесте линии на релација Гевгелија-Скопје, што ја одржува скопската фирма „Руле Турс“, потоа со трите линии на гевгелиски „Трансбалкан“ за Струмица и Битола, како и со уште една линија до Скопје што ја одржува „Амиго“ од Гевгелија.
69 отсто од анкетираните граѓани изразиле задоволство од услугите на новата автобуска станица во Гевгелија.
16.09.2013 - 15:20
Фото:
коолериа