Го претепале и избоделе додека си седел во ресторан - драма во "Острово" во Охрид
Вчера попладне во 17:30 часот, 29 годишниот охриѓанец Н.Р. бил нападнат и крвнички претепан од група од околу 5-6 насилници. Според охриѓанецот, додека седел во ресторанот „Острово“ во комплексот „Свети Наум“, непознато лице без никаква причина физички го нападнало и со остар предмет му нанело повреда во пределот на лицето, за веднаш потоа во "Острово" да се појават уште 4-5 непознати лица кои почнале крвнички да го удираат. Присутните во објектот успеале да ги спречат насилниците да продолжат со ќотекот.
На Н.Р. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид. По преземените мерки на полицијата, поради сомнение дека стојат зад насилството, приведени се охриѓаните Н.Л.(21), А.К.(23), Љ.Б.(32), Т.Б.(23) и А.Р.(29). Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.