Израел поседува нуклеарно оружје

Најновите истражувања на американските експерти покажуваа дека, Израел располага со 80 нуклеарни боеви глави и потенцијал двојно да го зголеми нивниот број, пишува Лос Анџелес тајмс.

- Израел престанал со производство на нуклеарни боеви глави во 2004 година,  тврдат експертите за ширење на нуклеарното оружје Ханс М. Кристенсен и Роберт С. Норис.

- Земјата поседува доволно материјал за дополнителни 115 до 190 боеви глави, што значи дека би можела двојно да го зголеми својот нуклеарен арсенал, пишува Лос Анџелес тајмс.

Податоците од извештајот за 2013 година на Меѓународниот мировен истражувачки институт во Стокхолм, покажа дека Израел располага со 50 нуклеарни боеви глави за балистички ракети со среден дострел и 30 за бомби носени од авион.

Официјално, Израел никогаш нема признаено дека поседува нуклеарно оружје. Властите од Тел Авив се двосмислени, односно ниту го потврдуваат, ниту ги одрекуваат извештаите за нуклеарниот арсенал на земјата. 

16.09.2013 - 14:25

најчитано сега