Уште двајца Македонци се вратија гневни од Грција со оштетени автомобили
Уште еден Македонец се врати бесен од одмор во соседна Грција. Се работи за 67-та жртва на која и е оштетен автомобилот кај нашиот јужен сосед.
Според податоците од МВР, се работи за Ј.Ц. на кој му бил оштетен автомобилот марка “Фолксфаген“ во грчкото туристичко место Калитеа. На Македонецот му била изгребана ознаката МК на задниот дел од возилото.
Истиот ден, од возило марка “Фолксфаген“ со гостиварска регистрација сопственост на Н.В., грчката полиција ја одземала задната табличка, сообраќајната и возачката дозвола и на задната шофершајбна била залепена налепница на која на англиски и на грчки јазик пишувало “оваа ознака “МК“ не е призната“.
Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 25 случаи. Од сите евидентирани случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР, како по правило, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.