Бошњаковски: Нема промена на химната и на државните симболи

Не се водат, ниту ќе се водат разговори со Грција за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи, одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на новинарско прашање дали согласно Договорот со Грција ќе се менува и македонската химна или некој државен симбол.

„Ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се разговара за промена на химната на Република Македонија. Таа останува таква каква што е“, рече владиниот портпарол.

 

 

 

04.07.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега