Маж нападнат од контролор во автобус во Скопје

 Четириесет и осумгодишниот Н.А. од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско. 

Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20:30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода.

Нападот се случил во 17:30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.07.2018 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега